Има многу работи кои нè тераат да сакаме деца, а кога ќе дочекате мало бебе во светот, целиот ваш живот се менува засекогаш. Гледате слатки мали бебиња во капи со животински уши? Проверете. „Поплава“ од слики од бебиња на вашиот фејсбук-профил? Проверете.

Постојаните прашања од мајка ви кога конечно ќе добие внуче? Да, дури и тоа, исто така. Еве ја чудната работа што ве тера да сакате да имате дете што побрзо:

Студија од 2014 година укажала на нешто малку веројатно што всушност може да ве наведе да го забрзате вашиот план да имате бебе бидејќи вашиот биолошки часовник буквално отчукува. Биолошкиот часовник на една личност е „особено злонамерен изум кој има цел да ги притисне жените да имаат дете“.

Според Џастин Мос и Џон Манер од Државниот универзитет во Флорида, звукот на отчукувањето на часовникот може да ја натера жената да сака да има дете на порана возраст.

Да, буквалното отчукување на часовникот може да го зголеми вашиот биолошки часовник.

Колку е тоа чудно? Биле спроведени два експерименти кои довеле до ова откритие. Првиот опфатил 59 мажи и жени. Ги прашале кога би сакале да се венчаат и да имаат семејство. Овој сет на прашања објаснува како социо-економското потекло на една личност може да влијае врз нејзиниот биолошки часовник. Вториот експеримент опфатил 74 учесници и се обидувал да види како тие ќе ги променат стандардите за нивните потенцијални сопружници за побрзо да имаат деца.

Резултатите откриле дека потсетувањето на некого за текот на времето, дури и само преку часовникот што отчукува, ќе го натера човекот да сака да го забрза репродуктивниот процес.

Уште поизненадувачки е што жените од пониските социо-економски заедници биле посилно погодени. Тие имаат тенденција да сакаат деца порано кога ќе се потсетат дека времето тече и ги намалуваат своите стандарди во она што го бараат кај партнерот. Така дами, ако се обидувате да го одложите раѓањето, веројатно треба да избегнувате да одите во близина на кој било часовник што отчукува.

Мажите, сепак, не биле „разнишани“ толку многу како дамите. Ова е најверојатно затоа што се верува дека мажите имаат неограничено време за да имаат деца.

Но, една студија спроведена во 2019 година вели дека мажите исто така имаат свој биолошки часовник.

Затоа, на репродуктивното здравје не треба да се внимава само кај жените, туку и кај мажите бидејќи и тие имаат биолошки часовник.

Автор: Никол Вивер

Извор



912

X