Игротека

„Човекот со златна рака“ спасил 2,4 милиона бебиња!

Го нарекуваат и човекот со златна рака, а минатата година во мај замина во заслужена пензија.

Џејмс Херисон од Австралија имал само 14 години, во 1951 година, кога се нашол на операциона маса. Докторите му извадиле едно белодробно крило и три месеци бил во болница.
Кога дознал дека преживеал најмногу благодарение на огромното количество крв што го примил преку трансфузија, си ветил дека и самиот ќе стане доброволен дарител на таа скапоцена течност. Во согласност со некогашните австралиски закони, крводарителите морале да бидат постари од 18 години, така што момчето морало да причека уште некое време. Но, ни по четири години неговата желба не згаснала.
Џејмс го одржал своето ветување и редовно донирал крв во австралискиот Црвен крст, цели 60 години. Според процените на таа организација, овој човек спасил милиони животи!
– До 1967 година во Австралија секоја година буквално умирале илјадници бебиња. Докторите не знаеле зошто се случува тоа. Било ужасно – изјавила Џема Фелкинмаир од австралискиот Црвен крст за Си-ен-ен, додавајќи: „Жените имале многу спонтани абортуси, а бебињата се раѓале со оштетувања на мозокот“.

Денес е познато дека причина било тоа што бебињата се раѓале со РХ-позитивен фактор наследен од таткото, додека мајката била РХ-негативна. Во таков случај, крвта на бремената жена ги напаѓа крвните клетки на нероденото дете. По раѓањето на дете со РХ-позитивен фактор, РХ-негативната мајка добива инјекција анти-Д имуноглобин за да се спречи создавање на антитела кои би ги нападнале црвените крвни зрнца на РХ-позитивните деца во идните бремености.

Natasa, 12:15 PM

Докторите откриле дека Џејмс има ретки антитела во крвта и заедно работеле на тоа да развијат инјекција „анти-Д“, која ќе им помогне на мајките со РХ-негативна крв да спречат развој на РхД-антитела во текот на бременоста.
Но, докторите не успеале да откријат како е можно Џејмс да има толку редок вид на крв. Тие претпоставуваат дека тоа би можело да има врска со трансфузијата што ја добил во 14-тата година од животот, кога имал операција. Според податоците на Црвениот крст, само педесетина луѓе во Австралија имаат вакви антитела.

– Секоја кеса крв е скапоцена, но крвта на Џејмс е посебно извонредна. Секоја анти-Д серија направена во Австралија потекнува од крвта на Џејмс. Со оглед дека повеќе од 17 % од жените во Австралија се изложени на таков ризик, Џејмс помогнал да се спасат околу 2,4 милиона бебиња – изјавила Џема.

Познат како „човек со златна рака“, Џејмс 1.773 пати донирал крвна плазма – 1.163 пати од десната и 10 пати од левата рака.

– Тоа е нешто што можам да го направам. Тоа е еден од моите таленти, а веројатно и единствен мој талент – да бидам доброволен дарител на крв – изјавил Џејмс за Си-ен-ен.

Тој денес има 81 година и време е да замине во заслужена пензија. За весникот „Сандеј морнинг хералд“ изјавил дека би сакал и натаму да може да донира крв. Меѓутоа, ја преминал границата за дарување крв и Црвениот крст сака да го сочува неговото здравје.

На почетокот од мај минатата година последен пат дарувал крв опкружен со бебињата што ги спасил и нивните вечно благодарни мајки. За своето добродетелство во 1999 година добил медал на Редот на Австралија.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top