Жена од Аризона наишла на канал на „Јутјуб“ со наслов „Тато, како да…“, кој го креирал човек што израснал без татко – па преку овие видеа ги учи гледачите на основните вештини, на пример, врзување вратоврска или поправка на тоалетот. Жената што го нашла каналот ја нарекла неговата идеја „најчисто нешто“ во објава на „Твитер“, а објавата добила најмногу длајкови неделава.

Неговиот татко заминал кога тој имал 12 години, па сега преку својот канал сака да им помогне на децата што растат без татковци. Твитот на Жизел Кармона бил споделен повеќе од 600 илјади пати.

Каналот му припаѓа на Роб Кини од Чикаго, кој напишал дека сака да направи сè што може за да обезбеди корисни, практични содржини за многу основни задачи кои сите треба да знаат да ги извршат. Каналот на Кини станал вирален, а неговата приказна – која е за тоа дека неговиот татко ги оставил него и неговиот брат како тинејџери – уште повеќе ги трогнала корисниците.

фото: Youtube screenshoot

– Никогаш не сакав да бидам богат. Никогаш не сакав да бидам по секоја цена успешен. Мојата цел во животот е да израснам добри возрасни лица – не добри деца, туку добри возрасни – бидејќи јас имав скршено детство – рекол Кини во интервју за списанието „Шатерд“.

– Толку многу луѓе ги раскажуваа и своите приказни за жалење и губиток. Го бараа мојот совет за тоа како да се справат со сопствената тага, со надеж дека ќе почнат нов здрав животен пат – изјавила Кармона за „Форбс“ во врска со реакциите на нејзиниот твит, додавајќи дека како и Кини, и таа била напуштена од страна на родител.

– Ми ги отвори очите и ми го скрши срцето тоа што видов колку многу индивидуи поминале низ голема болка, но од друга страна е одлично да се види дека продолжуваат да одат напред во животот.

Во видеата на Кими преовладуваат смиреноста и генералното чувство за безбедност и сигурност, поврзувајќи се со корисниците на социјалните медиуми, кои исто така пораснале без татковци.

– Додека го гледав ова, ми течеа солзи по лицето – рекол еден корисник на Твитер.

– Не ми недостига татко ми, но ми недостига таткото кој можев да го имам… таткото кој би ги правел овие работи со мене – напишал друг корисник.

Од сите 9 видеа кои Кини ги објавил, она за поправка на тоалетот досега е најгледаното, со над 690 илјади прегледи.

Автор: Лисет Војтко

Извор



912

X