Читањето на децата има огромно влијание врз нивниот училиштен успех и родителите треба да им читаат од самото раѓање, истакнуваат експертите од Американската академија за педијатрија.
Раскажувањето приказни или читањето во раните фази од животот навистина може да биде предвидувач за тоа колку ќе бидат напредни децата во градинка, училиште, а подоцна и во образованието.
– Тоа не значи дека го учите вашето двемесечно бебе да чита – истакнува д-р Данте Гласи.

Пеењето, танцувањето и раскажувањето се дел од активностите што промовираат рана писменост. Како што детето расте, ќе можете да читате повеќе приказни, сликовници и слики соодветни за неговата возраст.
Повеќето педијатри се согласуваат дека уредите и денешната модерна технологија не треба да им се даваат на малите деца, особено до нивната втора година, бидејќи тоа драстично влијае врз нивниот вокабулар. Една од причините е што тогаш родителите помалку разговараат со нив, како и кога е вклучен телевизорот, а децата докажано учат најмногу зборови од своите родители.