Сите ги бараат за учениците и платформата. Има поевтини компјутери, но тие нема да ви завршат работа, вели продавач во една од најголемите продавници за техника во земјава

– Добар ден. Барам лаптоп со i3 процесор и 4GB РАМ-меморија. Не е важно која марка.
– Немаме, госпоѓо, сите се продадени.
– Не мора да е во Скопје, би купила и од друг град.
– Немаме во ниту една продавница во Македонија.

Овој дијалог се одвиваше на првиот училиштен ден во една од најголемите продавници за техника во Македонија. Лаптоп-компјутери со овие карактеристики речиси и да не можете да најдете во земјава.
– Сите ги бараат за учениците и платформата. Има поевтини компјутери, но тие нема да ви завршат работа – вели продавачот.

На прашањето што можам веднаш да купам, а би ми завршило работа, тој одговара:
– Имаме со i5 процесор, најевтиниот е 35.000 денари. Имаме десктоп-компјутери со i3 процесор. Најевтиниот ни е 21.000 денари, но ќе ви треба и монитор – објаснува љубезниот продавач.

Во продавниците за техника деновиве не можете да најдете лаптоп за добра цена. Упатените велат дека сѐ уште има десктоп-компјутери, но со куќиштето мора да купите и монитор. Дистрибутер на компјутери објаснува дека во моментот нема ништо на лагер. Сѐ што би нарачале денес би стигнало најрано за 30 дена.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.

 



912

X