Тригодишното девојче Алекс и нејзиниот 2-годишен ротфајлер Кона скокаат на трамбулина како да ќе нема утре.
Тие биле снимени во Џексон, Вајоминг, каде што живеат, а видеото од нивното дружење станало вирално. Овие најдобри пријатели секогаш се грижат еден за друг – изјавиле родителите на Алекс. Корисниците на интернет биле шармирани од девојчето и нејзиното другарче – „Ова е најслаткото нешто!“, напишал еден корисник на „Фејсбук“. „Чиста радост“, стои во коментарите.
Ова не е единствено вакво дуо на трамбулински тим што го воодушевува интернетот. Многу миленичиња обожаваат да се забавуваат на секакви начини со своите другарчиња – дечиња.
Автор: Рон Дикер