Четворица оздравени пациенти од Ковид-19 денеска си одат дома, а во последните 24 часа регистрирани се 15 нови случаи, драстично помалку од вчера кога беа регистрирани 72 нови заразени. Новите случаи на коронавирус по градови се: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале 3 пациенти – жител на Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката без познати коморбидитети, и двајца тетовци на 69 и на 65 години.

– Од Клиниката за инфектологија и фебрилни состојби денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и се сметаат за оздравени – соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
Скопје – 239
Куманово – 121
Дебар – 49
Штип – 20
Прилеп – 33
Тетово – 29
Струга – 25
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш – 4
Крушево – 2
Кочани – 14



912

X