Четиригодишно момче од Австралија ѝ го спасило животот на својата мајка повикувајќи брза помош, по само еден ден откако таа го научила како да го прави тоа.

Монти Кокер се јавил во брза помош велејќи: – Мама падна.

– Кога стигнавме, тој беше на прозорецот и ни мавташе – изјави болничарот Марк Смол.

Монти смирено ѝ помогнал на екипата од брза помош, која открила дека неговата мајка Венди доживеала ненадеен напад.

Неговата брза реакција била клучна, вели медицинската екипа.

– Особено ако ја удрите главата или имате продолжен напад, тоа може да биде доста сериозно – вели болничарот Смол.

Болничарите повторно се вратиле во домот на 4-годишното момче за да му врачат благодарница.

Мајката на момчето, која е медицинска сестра, им рекла на новинарите дека Монти знаел дека направил добра работа, но и го минимизирал чинот, велејќи им на пријателите во градинка дека било прилично „лесно“.

– Дојде и неговата баба и праша: „Каде е суперхеројот?“, на што тој одговори: „Јас не сум суперхерој, само сум херој“ – вели неговата мајка.

Еден ден пред несреќата, мајка му му објаснила како да се јави во брза помош од заклучен и отклучен телефон. Не очекувала дека тој толку брзо ќе го примени она што го научил.

– Болничар сум 13 години, сум добивал повици од постари деца, но никогаш никое не било на 4-годишна возраст – вели таткото на момчето.



912

X