Англискиот поет Џон Китс ја издал првата книга кога имал 21 година; Мерил Шели имала 18 години кога почнала да го пишува „Франкенштајн“. Но, младешкиот успех и на двајцата писатели е засенет од новата ѕвезда во Велика Британија: четиригодишниот Надим Шама-Сурген, кој штотуку потпиша договор за книга.

Песните на Надим се движат од животот на негативците до храброста и љубовта.

Надим бил откриен од годинешната добитничка на наградата „Орвел“, поетесата и учителка Кејт Кланши, која ја запознала мајката на Надим, Јасмин Шама, предавач по литература на Универзитетот за читање преку заеднички интерес да им овозможат лекции по пишување поезија на бегалците. Кланши почнала да споделува дел од поемите на Надим на социјалните медиуми па така Надим добил интервју во „Сандеј тајмс“ и „Скај њуз“.

Сега тој има склучено договор за книга со „Вокер букс“, издавачка куќа која наредното лето треба да ја објави неговата колекција песни. Извршната директорка на „Вокер букс“, Денис Џонсон-Брт, вели дека била изненадена што некој толку млад може да напише толку чувствителни стихови.

– Песните пеат за толку важни чувства, како љубовта, осаменоста, а Надим ги наоѓа совршените зборови. Тие се едноставни, инспиративни и имаат мудрост – вели Денис.

– Не ги објавував песните затоа што личеа како да се пишувани од возрасен, туку затоа што беа чисто детски. Надим има ретка способност да го артикулира во слики сето она што е поврзано со четиригодишно дете. Ја сака својата мајка, сака бубачки, се прашува што е со лошите луѓе, капењето и љубовта. Овие песни погодија многу твитер-корисници, но тие функционираат уште подобро како група, бидејќи создаваат цел свет полн со сјај и прегратки. Ова ќе биде прекрасна книга што можете да ја споделите со дете – вели поетесата и учителка Кејт Кланши, добитничка на наградата „Орвел“.

Книгата ќе го направи Надим еден од најмладите писатели. Според Гинисовиот рекорд, најмладата комерцијално објавена женска авторка е Дороти Стрејт, која ја напишала книгата „Како светот почна“ во 1962 година, на 4-годишна возраст. Книгата била објавена во 1964 година, кога имала шест години, додека најмладиот машки автор е Шри Ланкан Танувана Серасинг, кој имал пет години кога ја издал својата книга „Брза храна“, на 5 јануари 2017 година. Му биле потребни три дена за да ја напише.

Надим беше возбуден за договорот за издавање книга.

– Сакам да пишувам песни, особено за природата. Се чувствувам среќен што моите песни ќе се најдат во книга. Кога моите песни ќе се најдат во книгата, дали може да имам една копија? – праша малото момче.


Извор



912

X