Потсетете се кога сте биле деца и сте имале 4 години. Дали се сеќавате на сите работи што сте ги мислеле за вашите родители?
Шансите се дека вашето 4-годишно дете во својот ум има чудни објаснувања и заклучоци за тоа каде вие работите, што правите за забава, зошто се облекувате така како што се облекувате и уште низа други „факти“.
Децата од претшколска возраст се и многу свесни за тоа колку се и смешни. Неодамнешно видео на „Тик-ток“ го докажува тоа. Објавено е од татко под името „@dadrealbad“, кој ја гледал задачата од градинка на својата ќерка. Од неа било побарано да одговори на неколку основни прашања за нејзиниот татко, а нејзините одговори биле пресмешни за да бидат зачувани само за нив.
Снимајќи ја хартијата со прашањата, открил дека првото поставено прашање било: „Колку години има твојот татко“, а таа одговорила: „Шест“. „Што работи твојот татко?“, „Не знам, но тој јаде“, е нејзиниот одговор. Сличен одговор понудила и на прашањето: „Што сака да прави твојот татко?“, искрено велејќи „Сака да вечера“. Сепак, признала дека нејзиниот татко го интересираат повеќе работи од храна, изјавувајќи дека неговата омилена боја е „виолетова“, дека е „многу добар во фудбал“ и дека „љубовта го прави среќен“.
Видеото има повеќе од 145 илјади прегледи за само неколку дена, а многу корисници на „Тик-ток“ ги споделиле и сопствените, слични искуства. „Мојата внука, која оди во трето одделение, на училиште направила честитка за Денот на мајката во која пополнувала празнини. Напишала дека нејзината мајка (мојата сестра) е корисна како правосмукалка“, открил еден од корисниците. „Кога мојот син морал нешто да напише во продолжение на реченицата – Ја сакам својата мајка…- напишал – повеќе од мачка“, се потсетил друг корисник.
Одлично е да се знае дека девојчето е веќе гордо на својот татко, дури и да е само поради фактот што тој јаде. Којзнае колку ќе му се воодушевува откако ќе сфати со што се занимава и прави уште многу други работи во текот на денот.
@dadrealbad ? #eatgood #prek #parenting #funny #LoveMeMode
♬ Oh No – Kreepa
Автор: Ерик Спринг