Воспитување

Четири вештини што децата ги стекнуваат кога одат во градинка

Независно од тоа што правело детето пред да тргне во градинка, еве неколку работи што би можеле да бидат возбудливи предизвици, и за родителите, и за детето.

Снаоѓање без родителите, браќата и сестрите

Моите деца уживаа околу себе да ги имаат своите родители, браќа и сестри, па за секое од нив тргнувањето во градинка значеше голема промена. Промена во рутината, но и соочување со нови искуства без луѓето што претходно биле клучни за нивната социјална интеракција и емоционална поддршка. За среќа, ги очекувавме овие работи и пред да тргнат во градинка почнавме да поминуваме помалку време со нив, така што градинката не беше огромен шок, но сепак беше потребно време да се приспособат.

Слушање и реагирање на вербални насоки и команди

Во градинката децата најчесто добиваат инструкции од воспитувачот и го прават истото што и другите деца, а тоа е една од најважните работи што ги учат.

Социјализација

Некои деца ќе бидат заинтересирани за вашето дете, а другите може ќе бидат агресивни. Вашето дете ќе научи повеќе за социјализацијата неколку часа додека е во градинка отколку што научило додека било дома.

Промени и независност

Дел од учењето на децата е како да се донесе вистинска одлука, на илјадници мали начини во еден ден. Воспитувачите ќе им овозможат да „изберат“ да слушаат и да ги следат основните инструкции за да се приспособат на свој начин. Голем предизвик претставува и разновидноста на активности за деца.

Ана Шефчек

Поврзани написи

To top