Воспитување

Четири родителски трендови што почесто ќе ги гледаме во 2024 година

Во последниве години многу се зборува за таканаречени „хеликоптер-родители“, забавите за откривање на полот на нероденото бебе и натрупаните распореди на децата. Што ќе ни донесе 2024 година? Еве неколку предвидувања за тоа кои ќе бидат главните трендови во родителството во новата година.

Мали пресвртници

Родителите ги слават првите насмевки, првите чекори и првите зборови на своите бебиња, но почнувајќи од оваа година „ин“ би можеле да станат помали пресвртници, како што е оставањето на цуцлата или самостојно облекување чевли. Докторката Товах П. Клајн се согласува дека е логично да се слават помалите победи.

„Развојот на децата се случува сантиметар по сантиметар и обично забележуваме големи скокови, но на децата им значи многу ако ги славиме малите нешта“, изјавила таа.

Елиминациска комуникација

Во претходните години педијатрите ги советуваа родителите да почекаат додека нивните деца не покажат знаци дека се подготвени да ги остават пелените и да одат во тоалет, што обично е на возраст од 2 до 3 години. Но, методот на рано одвикнување познат како комуникација за елиминација е во подем.

Станува збор за метод кој со години се применува во земји како Иран, Виетнам и Кенија, а вклучува користење нокшир уште во првата година од животот.

„Тоа има смисла бидејќи бебињата сигнализираат дека треба да извршат нужда, исто како што го прават тоа кога се гладни или поспани“, смета Андреа Олсон, основач на „ГоуДајперФри“ (GoDiaperFree.com).

Нежно родителство

Речиси половина од мајките и една третина од татковците практикуваат нежно воспитување, според истражувањето на Универзитетот во Мичиген спроведено на 2.044 родители. Дури 78 отсто од родителите велат дека посакуваат да имаат повеќе трпение, што е многу важно за нежно родителство.

Наместо да казнуваат, денешните родители поставуваат граници и ограничувања и им даваат на децата насоки за однесувањето и за нивните очекувања од нив.

Споделување фотографии од децата

Тешко е да се одолее на објавувањето фотографии од вашите деца на социјалните мрежи, но повеќето родители стануваат свесни дека создаваат дигитален отпечаток на нивните малечки уште пред тие да можат да разберат што значи тоа.

Кејт Блокер, директор за истражување и програми во „Деца и екрани: Институт за дигитални медиуми и детски развој“, предлага да побарате дозвола од вашето дете пред да објавите нешто за него на интернет.

Професорката по право од Харвард, Леа Плукет, ги советува родителите да објавуваат само фотографии со кои не би се срамеле ако ги видат на билборди покрај патиштата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top