Воспитување

Четири родителски грешки што предизвикуваат анксиозност кај децата

Однесувањето на родителите може многу да влијае врз развојот на анксиозност кај детето, често сосема несвесно. Еве за кои однесувања се работи:

Прекумерна заштита

Иако е сосема разбирливо и препорачливо родителите да се грижат за своите деца и за работите што им се случуваат, нивната претерана заштита од сите потенцијални опасности може да доведе до несакани последици. Психолозите тврдат дека ова само ги влошува работите и предизвикува одредена доза на вознемиреност кај децата бидејќи тие не знаат како да се справат со проблемите.

Решавање на проблемите наместо децата

Без разлика дали се работи за пишување домашна задача, чистење на детската соба или решавање расправии со пријателите, ако родителите прават сѐ за децата и наместо нив, тоа може да доведе до развој на анксиозност.

Склони се кон приговарање

Иако е сосема нормално дека нема секогаш да се согласуваат со мислењето на децата или нивните одлуки, прекумерното приговарање доведува до губење на самодовербата и развој на анксиозност кај детето. Ако родителот има тенденција да приговара, тоа може сериозно да му наштети на неговиот однос со децата, бидејќи тие ќе добијат впечаток дека никогаш не можат целосно да им веруваат на мајката и/или таткото и да им ги изразат своите проблеми.

Споредување со другите

Без разлика дали се работи за споредба со браќа, пријатели или соученици, секое споредување со другите деца доведува до губење на самодовербата, вербата во себе, но и до нервоза кај нашите малечки.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top