Секојпат кога им велам чао на моите деца им ги кажувам овие едноставни работи

Речиси секој ден додека ги бакнувам моите деца за чао кога одат на училиште ги потсетувам на четири работи:

„Биди добар. Учи многу. Забавувај се. Дај го максимумот од себе“.

Овие четири барања го отелотворуваат огромното мнозинство од целите за кои се надевам дека моите деца може да ги исполнат во нивните формативни години. Но, што значи тоа? Или поточно, што сакам моите деца да разберат дека значи?


Бидете добри

Да, ова е делумно потсетник за следење на правилата и придржување кон водството што го даваат наставниците и другите кои се одговорни за нивната безбедност и благосостојбата. Но, не е само тоа. „Биди добар/а“ исто така значи да бидат сила на доброто, а тоа е да ја подобрат околината во која се наоѓаат. Да направат добро за другите. Да бидат пријатели. Да им помогнат на оние на кои им е потребна помош. Да бидат добри, и како именка и како придавка.

Учете многу

Цврсто верувам во идејата дека многу наши проблеми може да се решат знаејќи повеќе. Образованието е од фундаментално значење за подобрување на нашиот капацитет да бидеме добри и да правиме добро, и за себе и за другите. Знаењето дава сурови материјали што ни се потребни за да го направиме светот подобро место и да најдеме нови извори на исполнување. За таа цел, тие секогаш треба да се стремат да учат, без разлика во која средина се наоѓаат. Кога се во училиште, учењето е најважно. Кога не се на училиште, повторно е важно. И секоја ситуација е можност да научат нешто ново.

Забавувајте се

Тие се деца. И животот е краток. Ние, возрасните, лесно можеме да станеме премногу фокусирани на целите, резултатите и постигнувањата. Децата треба да уживаат во она што го прават или барем во дел од она што го прават. Еден од моите стравови за моите деца и децата генерално е тоа дека очекувањата на возрасните ќе го претвори уживањето на децата во  стрес да се постигне најдоброто. Учењето е попречено од анксиозноста. Атлетските перформанси се поткопани од стресот што го предизвикуваат резултатите. Иако повеќето од важните активности не можат да бидат сосема забавни, забавата треба да биде голем дел од денот на секое дете.

Дајте го максимумот од себе

Се надевам дека моите деца знаат дека ќе се гордеам со нив сè додека целосно ќе се вложат во она што го прават, без оглед на исходот. Максималното вложување и најискрените напори се моите очекувања од нив. Давајќи го максимумот од нивниот напор и сепак среќавањето со неуспехот може да биде повредно од успехот. Но, всадувањето на ова очекување, дека треба да вложат напор и да се фокусираат во она што го прават, е целта на оваа последна мисија.

Дали ова се единствените директиви што родителот може да ги искористи? Не долгорочно. Постојат и многу други добри избори. Но, јас ќе се задоволам ако овие четири се втемелат во главата на моите деца многу потемелно.

Моите деца ги познаваат овие зборови. Понекогаш мислам дека ги превртуваат очите кога им ги кажувам. Но, за мене е во ред бидејќи сум сигурен дека секогаш ќе ги помнат. А ако ги запомнат и им помогнат и кон нив ги насочат своите мисли, избори и однесување кога нема да сум покрај нив, тогаш тоа ќе го сметам за огромен успех.

Откако ќе им ги кажам овие работи, откако ќе им кажам дека овие упатства доаѓаат од моите најдобри намери, завршувам со: „Те сакам“.

Затоа што тоа е најважното нешто.

Автор: Крег Фроле



912

X