Воспитување

Четири работи што прават речиси секој да се чувствува сакано

Според теоријата на јазикот на љубовта, која ја поставил Гери Чепмен, на различни луѓе им се потребни различни работи за да се чувствуваат сакани. За некои тоа е поминување време со саканите, за други тоа е физичкиот допир, за трети тоа се зборови за поддршка. Според оваа теорија, само треба да му покажете љубов на својот партнер на начин кој ќе го препознае и нема да имате проблем. Меѓутоа, нова студија покажува дека некои гестови се универзални, односно дека ќе направат практично секој да се чувствува сакан.

Научниците од државниот универзитет на Пенсилванија анкетирале 494 лица кои оценувале 60 различни сценарија на покажување љубов. По анализирањето на податоците откриле дека за неколку однесување практично сите учесници рекле дека предизвикуваат да се чувствуваат сакани:

1. Кога некој ќе им покаже дека ги разбира во тешки моменти.
2. Кога детето ќе им се затрча в прегратка.
3. Кога домашните миленичиња ќе им покажат колку се среќни што ги гледаат.
4. Кога некој ќе им каже „те сакам“.

Очигледно не се во прашање само романтични сценарија, туку и интеракциите со пријателите, домашните миленичиња и семејството. Мозокот на родителот додека се гали со детето ќе ослободи високо ниво на окситоцин, таканаречен хормон на љубовта и врзувањето, како и по разговорот со пријателот кој покажува искрена грижа.

Гестовите што не се високо оценети меѓу испитаниците се посесивни и контролирачки – кога некој постојано сака да го знае вашето движење или ви кажува што да правите.

Автор: Сара Тод

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top