Воспитување

Четири потенцијално опасни места на кои бебињата не треба да спијат

Според Американската академија за педијатрија, во првите 12 месеци од животот на бебето не е препорачливо да се става баш ништо во пределот (во креветчето) каде што спие бебето, а тоа вклучува ќебиња, кадифени животни и перници. Исклучок се вреќите за спиење, со кои бебето е практично завиткано и нема опасност да излезе од нив и да ги извади рацете или нозете во текот на спиењето. Но, постојат и места кои не се безбедни за спиење, а тоа се:

Столчиња што се нишаат или вибрираат

Бебињата не треба да се оставаат на столчиња за нишање без надзор. Ако бебето има кратка дремка на своето столче, си игра во него во текот на денот или го утешува додека столчето вибрира, сето тоа е дел од прифатливи постапки. Но, ноќното спиење во столчето е опасно бидејќи често има случаи на задушување. Главата може да биде во неповолна положба, блокирајќи ги дишните патишта. Постарите деца, од друга страна, може да се повредат, обидувајќи се да станат од столчето.

Автомобилски седишта кога не сте во автомобилот

Кога седиштето во автомобилот не е правилно поставено во автомобилот, главата на детето може да „падне“ како во случајот со седиштето за нишање и да го загрози протокот на воздух низ дишните патишта. Можете да го користите за спиење во ретки ситуации, кога некој е блиску до детето и може да го контролира и „да внимава“ на него, секоја секунда.

Кауч, фотелја и слично

Бебето тогаш почнува да учи да се движи и не знае како да го контролира своето тело. Понекогаш може да се истркала, па не може да се врати во првобитната положба, поради недостиг на сила. Ако бебето се придвижи кон перницата, тоа може да го загрози неговото дишење. Или ако „оди“ на спротивната страна, лесно може да заврши на подот.

Лулашки

Детето треба да поминува време во лулашка исклучиво во присуство на возрасен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top