Мал број од децата без проблем и без солзи се разделуваат од своите родители. Различните разделби во различни ситуации треба да бидат што помалку стресни за детето. За нив е важно да научат да се справуваат со разделбите бидејќи така ќе ја зајакнат самодовербата, ќе станат похрабри и посамостојни. Како да постапувате:

1. Разделба пред вратата од градинката

Пред да се разделите, обидете се вниманието на детето да го насочите кон нешто друго. Договорете, на пример, детето добро да чува некој ваш личен предмет, на пример, вашиот шал. Кажете му дека може да ви го врати кога ќе се видите повторно.

2. Разделба пред работно патување

Ако сте отсутни подолго време, обидете се болката да ја намалите со „Календар против тага“. Заедно на хартија нацртајте и напишете ги броевите на деновите кога нема да бидете дома, а кои детето ќе може да ги искине. Секој ден нека кине по еден лист хартија и кога ќе го тргне последното, тогаш мама ќе се врати.

3. Позитивен и само ваш ритуал

Користете една посебна, само ваша реченица, посебна прегратка, гест или бакнеж за да му ја пренесете на детето пораката: „Ќе се вратам, како што се враќам секогаш“.

4. Позитивен став кој на детето му дава сила

Останете смирени, немојте да им се препуштите на емоциите и да плачете пред детето, останете силни и зрачете со сигурност и доверба бидејќи детето од тие ваши емоции ја црпи силата и добива порака дека сè е во ред, дека нема причина за грижа, дека, на пример, градинката е сигурно место и мама сигурно ќе се врати.



912

X