Игротека

Четири книги од „Светот на Биби“ влегоа во Изборот на книга на годината

„Бонтон за деца“, „Приказни за добра ноќ на мама Ана“, „Роботчето Р1“ и „Малата вештерка“ од „Светот на Биби“ се номинирани во категоријата детски книги и сликовници на првиот Избор на книга во Македонија – Reader’s choice book awards.

Изборот на книга на годината на едно место ги собра сите најдобри (и домашни и странски) книги издадени кај нас во текот на изминатата година. Во овој избор главниот глас го има најважната комисија на светот, а тоа се читателите.

Гласањето се одвива онлајн на www.kniganagodinata.mk и секој читател може да гласа по еднаш, за својата омилена книга. Гласањето почнува денеска, а ќе трае до 20.11.2020.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top