Воспитување

Четири чекори за обнова на односот со вашето дете

Родителството никогаш не било лесно. Родителите учат да бидат родители од начинот на кој самите биле воспитувани. Тие секогаш даваат сѐ од себе, но понекогаш прават грешки, што е сосема природно.

Важно е да се разбере дека е во ред да се направи грешка бидејќи желбата за корекција е знак на љубов и посветеност кон детето. Ова се едноставни начини на кои родителите можат повторно да се поврзат со своите деца.

Отфрлете го егото

Децата треба да знаат дека можат да се отворат и да ги споделат своите чувства и мисли со родителите. Следниот пат кога ќе сакаме да разговараме со децата за да дознаеме што се случува со нив, можеме да започнеме со прашање од љубопитност. На пример: „Забележувам дека ти и јас имаме различни идеи за тоа како изгледа излегувањето на состанок со некого, каква е твојата идеја за состанок?“

Родителите можат многу да научат од своите деца, па затоа е важно да се ослободат од своето его.

Бидете љубопитни

Децата можат да изразат како се чувствуваат преку однесувањето. Затоа, кога ќе забележиме нешто различно кај нив, треба да се запрашаме што се сменило. Мора да бидеме љубопитни како родители, исто како што се љубопитни нашите деца. Ако се сомневаме дека нешто не е во ред со однесувањето на нашите деца, веројатно сме во право.

Заслужете почит

Клучот е да им го дадете вистинскиот пример на децата. Мораме да покажеме почит кон децата за да научат како и тие да ни го покажуваат тоа. Ова може да биде тешко за авторитарните родители, но важно е да се запамети дека карактерот на нашите деца е резултат на нашето воспитување. За да им покажеме почит, можеме да ги прашаме за мислење пред да донесеме одлука или во одредени ситуации да им дадеме избор или опции.

Бидете присутни

Важно е децата да поминуваат време со своите родители. На пример, ако сакаат да бидат надвор, можеме да одиме на прошетка или возење велосипед со нив. Од друга страна, ако претпочитаат да поминуваат време играјќи видеоигри, можеме да седнеме до нив, да гледаме како играат или да поставуваме прашања и ако е можно, да ја играме играта со нив. Важно е да ги знаете интересите на вашите деца за полесно да се поврзете со нив.

Родителството може да биде предизвик, а грешките се неизбежни. Сепак, овие совети им помагаат на родителите повторно да изградат силна и позитивна врска со нивните деца.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top