Ако сте мајка која често ги губи нервите, односно експлодирате поради децата, време е да преземете нешто бидејќи знаете дека децата не се виновни. Вашата реакција е проблем за кој треба да размислувате.

Се возиме со лифт. Нашата двегодишна, од само нејзина позната причина, вика и се тркала на подот од лифтот, додека пак нејзиниот четиригодишен брат ја лиже металната шипка од лифтот и со едната нога ја удира својата сестра. Маж ми и јас со полни раце работи и зимски јакни, се гледаме избезумено и на глас почнуваме да ги предупредуваме, да викаме, се обидуваме ќерка ни да ја подигнеме за да не го брише подот со своето тело, а синот го одвојуваме од шипката, го предупредуваме за бактерии и дека е забрането да ја тепа својата сестра… уфффф. Ова е само една црта и ми се чини дека е поблаг пример за тоа со што се бориме секој ден.
Постојат безброј такви ситуации во денот, а најлошо е кога ќе се набројат десетина мали незгоди, падови, караници, плачење, тропање, бес… Во еден момент повеќе немате капацитет за да ги смирите или да ја поправите ситуацијата, туку само викате, врескате на цел глас.

Сигурна сум дека оваа приказна ви е позната. Особено на родители чии деца се со мала разлика во годините.
Најлошо е што на крајот од епизодата со викање вие сте всушност несреќни поради тоа што не можете да се контролирате и со убаво да им кажете на вашите деца што очекувате од нив и што треба поинаку да направат. Освен тоа, знаете дека викањето по децата ретко дава резултати.

Како да останете смирени? Со трик со ластичиња за коса на вашиот зглоб. Шауна Харви, блогерка и мајка на четиригодишно дете од САД се послужила со одличен метод кој го смислила Кели Холмс, мајка на три деца, а со кој можете да го сочувате мирот во тешките ситуации со децата.

– Секое утро откако ќе се разбудам на зглобот од десната рака ставам пет ластици за коса и ги носам до вечерта, сè додека не си легнам. 5 ластичиња за коса се за кога ќе го изгубите трпението или им кога ќе му кажете нешто лошо на вашето дете. Секојпат кога ќе го направите тоа, земате едно ластиче од десната рака и го преместувате на левата. За повторно да го вратите ластичето на десната рака, морате со своето дете да направите 5 позитивни работи (пеење, играње, читање книга и сл.).

Шауна одлучила да ги користи ластиците за коса на овој начин додека тоа не ѝ стане секојдневна рутина, и позитивните страни на овој метод се виделе многу брзо.

– Знаев да бидам неверојатно лута, дури еднаш ја удирав главата од ѕид бидејќи не можев да разберам зошто мојот четиригодишен син ни малку не ме почитува и никогаш не ме слуша. Секојдневно плачев. А денес денот го завршив со сите пет ластичиња на десната рака. Многу сум горда на себе што го подобрив трпението.

Трикот со ластичињата за коса за брзо време се проширил на „Фејсбук“ и многу мајки потврдиле дека им помогнал. Пробајте го и вие и одберете големи ластичиња кои нема да ѝ пречат на циркулацијата.
„Се радувам за секоја мајка што нема да оди на спиење очајна или во солзи“.



912

X