Воспитување

Челични нерви: Татко 2 минути се обидува да ја стави ќерка си во автоседиште

Понекогаш ни се чини дека децата се посилни од нас. Всушност, нивната сила нè изненадува и воодушевува, а тука се работи за силата на нивната волја и одлучност да биде по нивно.

Еден таков случај станал вирален на „Тик-ток“. Во едно навистина урнебесно видео, кое собрало милиони прегледи на социјалните мрежи, татко се трудел да го стави своето девојче на седиштето во автомобил. Тоа е навистина исцрпувачка борба која родителите добро ја знаат, но овој татко покажал коњски нерви. Затоа, корисничката на „Тик-ток“ „@PrettyYoungLee“ неодамна објавила видео во кое нејзиниот сопруг трпеливо се расправа со ќерката, која цело време е немирна и се спротивставува на седнувањето во седиштето.

На почетокот таа се качува на потпирачот за грб, а тој се смее и се согласува на битката. Целиот процес е изненадувачки тивок, а во овој судир меѓу возрасен маж и мало дете, детето барем накратко победило. Оставајќи го без здив додека се обидува да ја смести на седиштето во автомобилот, таа тивко и мирно се бори со него.

Видеото, кое е прегледано повеќе од 1,6 милион пати на „Твитер“ и добило повеќе од 15.000 коментари на „Тик-ток“, трае речиси две минути, а овој татко-херој е мирен цело време. Дури и кога се тркала на стомакот, таа се оддалечува од појасот и го остава да земе воздух.

– Овој возрасен човек губи 15 килограми поради ова девојче. Се бори за живот – коментирал еден корисник на „Тик-ток“. Друг додал: – Ова е најтивкиот натпревар во борење што сум го видел.

На крајот, таткото успева. Девојчето е безбедно врзано и тој ја наградува со нежен бакнеж откако ќе ја намести, а таа му се смее. Тоа е она што го прави ова видео посебно.

– Таткото никогаш не престана да се смее. Толку многу љубов – напишал еден корисник на „Тик-ток“.

@_prettyyounglee #kids #parenting #baby #carseatsafety ♬ original sound – Lee Baby

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top