Игротека

Чекаме второ дете, се плашам! Татко зборува за постпородилната депресија

27-годишниот Рос Хант од Њупорт во Јужен Велс, во знак на поддршка на другите татковци, одлучил да прозбори за постпородилната депресија што му била дијагностицирана по раѓањето на неговата ќерка Изабел.

Смета дека не се зборува доволно на таа тема, а сигурен е дека многу татковци поминуваат низ она низ кое тој поминал. И сега, кога неговата сопруга Рејчел е бремена по втор пат, се плаши.

„Се плашам да не се вратам во состојбата во која бев кога се роди Изабел. Многу родители поминуваат низ ова, но не сакаат да зборуваат. Да не беше мојата Рејчел, не знам што ќе направев“, рекол Рос.

„Да бидам искрена, тоа беше сериозен предизвик. Тамам се породив и имав дете за кое морав да се грижам, истовремено и на сопругот му требаше мојата помош. Колку и да му беше тешко, мене ми беше уште потешко“, раскажа неговата сопруга за „Дејли мејл“.

Фотоизвор: Фејсбук

Рос во моментов зема лекови, а Рејчел се надева дека ќе му помогнат до октомври, кога треба да го роди нивното второ дете. Исто така, двајцата мислат дека на неговата состојба влијаела една случка од тинејџерските денови на Рос.

„Кога имав 17 години, еден мој пријател почина во текот на нашето излегување. Тоа беше многу трауматично искуство, а раѓањето на ќерката ме врати во тоа време. Бев премногу исплашен“, раскажал Рос и опишал како се чувствувал кога неговата сопруга морала да се врати на работа, а тој морал да се грижи за Изабел.

„Се чувствував ужасно, како сопственото дете да не ме сака и да не сака да поминува време со мене. Постојано размислував за тоа како нашата ќерка би сакала повеќе да биде со мајка си отколку со мене“, рекол Рос, кој за својата битка со постпородилната депресија зборува и на друштвените мрежи.

„Мажите не зборуваат за овој проблем, па одлучив да ги охрабрам. Уште се борам со депресијата, а искрено, се плашам и за  она што ме чека во октомври кога сопругата ќе го роди нашето второ дете“.

Повеќето луѓе можат лесно да ги препознаат знаците на постпородилна депресија на мајката, но не и кај татковците, бидејќи тие знаци некогаш погрешно се толкуваат или едноставно се занемаруваат – се наведува во една британска студија објавена во магазинот „Журнал за ментално здравје“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top