Петгодишниот Рахим Куријев го нарекуваат чеченскиот Шварценегер.
Ова момче стана сензација на „Јутјуб“ откако направи 4.105 склека за 2 часа и 25 минути без пауза, обидувајќи се да се избори за светски рекорд.

И покрај големиот напор, не успеа да ја освои титулата светски рекордер бидејќи биле забележани „мали неправилности“ во текот на следењето на резултатите, објавија од „Асошиејтед прес“.
Но тоа не го обесхрабри младиот Рахим, па вети дека во новиот обид ќе го урне светскиот рекорд – повеќе од 5.000 склека.

Инаку, Рахим Куријев својот несекојдневен потфат му го посвети на чеченскиот лидер Рамазан Кадиров. За возврат, претседателот Кадиров на малиот Шварценегер му подари бел „мерцедес“.

 



912

X