Чајот отсекогаш се сметал за здрав, а родителите особено инсистираат да се пие во зима или кога нивното дете ќе настине. Меѓутоа, нутриционистката Харлен Басин тврди дека децата помлади од 12 години не треба да пијат чај, а во својата објава на „Инстаграм“ наведува четири причини.
Влијае врз апсорпцијата на железото
Чаевите содржат танини, состојки кои можат да влијаат врз апсорпцијата на железо од растителна храна. Кај децата чија исхрана се базира на растителна храна или кои имаат анемија од дефицит на железо, секојдневното консумирање чај може да го влоши проблемот.
Ризик од дехидратација
Чајот има благо диуретично дејство и може да придонесе за дехидратација. Поради ваквото дејство на чајот, детето може почесто да уринира, а имајќи предвид дека понекогаш е вистински предизвик да ги натерате малите да пијат доволно вода, тоа треба да се избегне.
Содржи кофеин
Чаевите, некои во помала, некои во поголема мера, содржат кофеин, кој е стимуланс. Ова значи дека може да доведе до вознемиреност кај децата.
Влијае врз варењето
Нутриционистката објаснува дека чајот влијае врз варењето и апсорпцијата, а може да доведе до ждригавица кај децата. Дополнително, таа истакнува дека чајот нема нутритивна вредност, а на децата им е потребна балансирана исхрана со доволен внес на вода.
Автор: Наташа Златковиќ
912