Игротека

„Бубамарите“ добија креативни дворови за игра

Детската градинка „Буба Мара“ во Скопје во текот на летниот период интензивно се подготвуваше за успешен старт на новата воспитна година. Стручниот и воспитниот тим ги уредија дворните површини на објектите со цел да се создаде пријатна атмосфера за децата. Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности, кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој.


Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром со донација на дрвја кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект. Исто така, Општината донира и клупи и канти за отпадоци.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top