Колку и да сакате помфрит и хамбургер, треба да се држите понастрана од таквата храна за време на бременоста, предупредуваат педијатрите откако новото истражување покажа дека консумирањето ултрапреработена или брза храна во текот на бременоста носи здравствени ризици за фетусот.

Покрај мастите и калориите, ризикот доаѓа и од хемикалии кои често завршуваат во хамбургери и помфрит, според истражувањето направено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, кое беше објавено минатиот месец во списанието „Енвајрнмент интернешнл“.

Познати како фталати, овие хемикалии често се ослободуваат од обвивките за брза храна или пластичните ракавици на работниците и се поврзани со аутизам, АДХД, предвремено раѓање и мала тежина при раѓање. Кога храната е контаминирана со овие штетни микропластификатори, хемикалиите можат да навлезат во крвотокот на бремената мајка.

– Кога мајките се изложени на оваа хемикалија, таа може да ја премине плацентата и да влезе во феталната циркулација – вели главната авторка на истражувањето, педијатарот Шила Сатјанарајана.

Проучувајќи повеќе од 1.000 бремени жени во вториот триместар, истражувачите откриле дека поголемата потрошувачка на ултраобработена храна е поврзана со повисоки концентрации на еден од најчестите и најштетните фталати. Истражувачите предупредија дека покрај вообичаената брза храна како помфрит, хамбургери и газирани сокови, мешавините за колачи исто така носат одреден ризик.

Педијатарот ги советува бремените жени да избегнуваат брза и преработена храна. Наместо масти и шеќери, тие треба да консумираат овошје, зеленчук, немасно месо и енергетски чоколадни барови направени со органско овошје, како што се урми.

Извор



912

X