Некогаш најдобриот вид љубов е строгата, како што се докажува во видеото на „Тик-ток“ од Меган Елизабет, кое ги прикажува смешните пораки од нејзиниот 91-годишен дедо. Видеото има повеќе од 2,7 милиони прегледи, а содржи серија пораки помеѓу внуката и дедото, каде што тој често ја предупредува за нешто што го видел на вести.

„Дедо е. Прочитав текст кој вели дека ако не го најдеш партнерот до 29. година, многу е веројатно дека ќе умреш сама. Твојот роденден е за 3 месеци. Само сакав да те информирам.“ Одговорот на Меган е „Благодарам.“

„Меган, дедо е. Се надевам дека ги одржуваш килограмите откако ослабе. Запомни, срцевите заболувања се дел од нашето семејство“, вели тој во друга порака.

Трета порака, пак, содржи негова загриженост за алкохолот. „Се надевам дека не пиеш многу. Гледав на вести дека продажбата на алкохол е многу висока бидејќи милениумците се депресивни. Те сака секогаш, дедо“, стои во пораката.

Меган одговорила: „Благодарам дедо. Во ред сум.“ Додека некои сметаат дека овие пораки се груби, многу корисници коментирале дека се воодушевени од уникатниот однос на дедото и внуката.

@meganelizabeth1016

Shhhh…. He will never know 😅🤡 ##ilied ##grandpa ##thanks ##thanksgrandpa ##blesshim ##foreversingle ##millennial ##family ##toxictiktok ##fy ##foryou

♬ Can You Feel the Love Tonight – Boyce Avenue & Connie Talbot

Автор: Лиам О’Дел

Извор



912

X