Настојувајќи да ги задржи своите деца цврсто на земја, Гордон Рамзи се придржува до строгите, па дури и брутални правила. Популарниот готвач познат по својот остар јазик и препознатлив карактер не е таков само во кујната, туку и во неговиот дом.

За потсетување, Гордон и неговата сопруга Тана имаат пет деца: 23-годишната Меган, 21-годишните близнаци Џек и Холи, 19-годишната Матилда и 2-годишниот Оскар.

Немилосрдниот готвач за себе вели дека е многу строг кога станува збор за воспитување на децата, а открива и неколку правила кои секој во неговиот дом мора да ги почитува. Иако на неговата банкарска сметка има завидна сума пари, Гордон изјави дека неговите деца нема да го наследат неговото богатство. Како што откри во интервју за британски „Телеграф“, на секое дете ќе му обезбеди 25 отсто од депозитот за сопствен стан, а најголемиот дел од парите ќе бидат донирани во добротворни цели.

Понатаму, иако Гордон сака да си обезбеди малку луксуз за себе и на својата сопруга Тања, истото не важи за нивните деца. Додека славниот татко ужива во луксузна прва класа, тој не дозволува децата да летаат ниту со бизнис-класа, туку ги принудува да се возат со економска класа. Покрај тоа, неговите деца се научени на работа.

– Важно е тие да помогнат во поставувањето и средувањето на масата, важно е да готват и да си ги извршуваат домашните обврски – изјави тој во една пригода.

Исто така, во последните четири години волонтираа во болницата „Грејт ормонд стрит“. Додека се обидувал да им всади работни навики, Гордон им забранил на децата да го молат да ги вработи. Дури и ако сакаат да работат како готвачи, тој им рекол да се вработат кај друг, да стекнат искуство таму и да се вратат со нешто ново што ќе го подобри неговиот бизнис. Меѓу другото, на неговите деца не им е дозволено да користат такси, па на училиште одат со метро. Исто така, ако сакаат да работат на нивната кондиција, неговите деца треба да заборават на услугите како што е личен тренер.

Иако е познат по пцуењето, Рамзи не им дозволува на своите деца да користат такви изрази или да го копираат неговото однесување.

Извор



912

X