Со регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата, бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот порасна на 85, информираат од Министерство за здравство.

Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, велат од министерството.

Од денес Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица со коронавирус, за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа.

 



912

X