Бројот на млади луѓе што страдаат од дијабетес тип 2 е речиси десет пати повисок отколку што претходно се мислело, открива нова анализа.

Состојбата, објави британски „Телеграф“, е многу поагресивна кај децата и младите отколку кај возрасните, со повисок ризик од компликации што се појавуваат многу порано. Експертите предупредуваат дека уште на илјадници деца и млади може да им биде дијагностицирана состојбата во текот на наредните години бидејќи новите бројки за детската дебелина покажуваат дека повеќе од третина од децата ќе бидат со прекумерна тежина или дебели кога ќе го напуштат основното образование.

Потребно е да се спроведе подобра специјализирана поддршка за младите со ваквата состојба за да се помогне во справувањето со оваа болест и намалувањето на ризикот од сериозни компликации. Исто така, потребно е да се забрани телевизиско рекламирање за брза храна насочено кон децата пред 9 часот и да се ограничат промоциите на цените на супермаркетите за нездрава храна.

– За да помогнеме во обликувањето на иднината, во која помалку деца ќе ја развијат оваа болест, потребна е континуирана посветеност во општеството за да создадеме средина што ќе ја намали дебелината. Потребно е да поттикнеме здраво живеење преку обезбедување јасни и лесни разбирања за хранливите информации во производите што ги купуваме и да ги заштитиме децата од реклами за храна со висока содржина на масти, сол и шеќер.

Истовремено, мора да се грижиме за оние што веќе ја имаат состојбата, за да се избегнат сериозни компликации, како што се ампутации, губење на видот, мозочен удар и откажување на бубрезите – вели Бриџит Тарнер, директор на политики и кампањи во „Дијабетес Велика Британија“.

Професорот Расел Винер, претседател на Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје, додава:

– Кај многу деца, развојот на дијабетес тип 2 може да се спречи со промена на животниот стил, но тоа не е лесно. Потребна им е поддршка.



912

X