Еден британски хор ѝ помогнал на малата Розлин Кејн, која страда од ноќни кошмари.

Уште откако нејзиниот татко, наставник по музичко, наишол на видео на кое пее хорот составен од мажи, 5-годишната Розлин и нејзината сестра Евелин станаа нивни огромни обожаватели. Кога Розлин почнала да има кошмари, Рик стапил во контакт со хорот за да види дали можат да ѝ помогнат на Розлин преку моќта на песната.

Директорот на хорот, Сем Барнс, веднаш се фатил за работа, создавајќи приспивна песна лично за Розлин. Потоа дошол до идејата цел хор да ја испее песната. Набрзо се собрале преку „Зум“ за да ја испеат приспивната песна. Сега, како што вели нејзиниот татко Рик, малата Розлин спие подобро и ужива во нејзината песна.

Извор



912

X