Британската ТВ-водителка и модел Оливија Атвуд станала вирална на „Тик-ток“ откако на поткастот „Приватни делови“ рекла дека мисли оти децата не треба да бидат водени на свадби.
„За мене, децата на свадби се апсолутно неприфатливи. Дури и да имам свои деца, не би ги поканила“, рекла таа во видеото кое има повеќе од два милиони прегледи.
Таа истакнала дека нема свои деца, па не ја разбира таквата љубов, но сепак останува на ставот дека не е љубител на децата кои доаѓаат на свадби. Многумина го осудиле нејзиниот став и изразиле неверување дека таа нема да ги покани ни сопствените деца да бидат сведоци на ваков важен ден.
„Ова е навистина грубо. Децата се деца“, смета една личност.

„Треба да почека сама да има деца, па тоа ќе го смени начинот на размислување“, тврди друга, додека трета личност саркастично додава: „Да, најважното нешто за свадба е скап фустан, да не биде опкружен со најважните луѓе во животот“.
Сепак, неколкумина се согласиле со нејзиниот став, главно родители кои признаваат дека не уживаат да ги носат децата на свадби.
„Имам дете, но не уживав кога го зедов со мене. Тоа не значи дека не го сакам”, „Јас сум мајка и се согласувам. Поисплатливо е да ангажираш дадилка за таа вечер“, „Имам три деца и не ми паѓа на памет да ги носам на свадби, сакам да се забавувам“, вели друга.