Здравје

Бремените жени и оние на редовно породилно отсуство остануваат дома, за нив не важат новите одлуки на Владата

Одлуките донесени на вчерашната седница за враќање на работа се однесуваат само на лицата што досега беа ослободени од работа врз основа на користење продолжено породилно отсуство. Бремените жени и оние на редовно породилно отсуство остануваат дома, појасни Владата. Со вчерашната одлука, почнувајќи од 23.9.2020 година, продолженото породилно отсуство престанува да важи.

– Останатите вработени лица што во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење редовно породилно отсуство да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство. Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа – соопшти Владата.

Една од одлуките се однесува и на враќање на работните места и вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа со хронични болести, и тоа од среда 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само пациентите кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар-специјалист. Врз основа на таа потврда овие лица ќе користат боледување.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top