Бременоста ги претвори жените во суперхерои, но не на начинот на кој очекувате. Да, чудото наречено живот е нешто неверојатно, но не зборуваме за тоа. Мислиме на тоа дека бременоста им дава на жените моќ како на ликовите од Марвеловите стрипови. Еве на што мислиме:

1. Суперсетило за мирис

Ова е најмалку „кул“ моќ бидејќи можете навистина да ги избезумите луѓето. Кога бев бремена, можев да намирисам нешто од крајот на ходникот на работа и можев да го именувам човекот што доаѓа по мирисот. Можев да намирисам и преку ѕид дека некој јаде портокал во следната канцеларија и ќе му испратев е-порака за да прашам за потврда. На бремените жени не им е дозволено да пијат, па мора некаде сето тоа да се изрази.

2. Суперемоции

Среќни, тажни или опасно лути, емоциите во текот на бременоста се интензивни. Ако сте плачеле бидејќи сте виделе реклама за бебиња, или првпат сте го слушнале чукањето на срцето на вашето бебе, знаете за што зборувам. Прифатете ги емоциите и чувствувајте ги сите, бидејќи тие се дел од вашиот арсенал на суперсили. На пример, кога партнерот не сака да помогне во закачувањето на уметничките слики во собата на бебето, време е за акција. Покажете ја целата лутина и бес на таа личност која се осмелува да ве одбие додека во вас расте нов човек. Ветуваме, сликите ќе бидат соодветно прикачени.

3. Суперенергија

Кога сте бремени првпат, многу спиете. Дремка, рано легнување, преспивање во автомобил. Хормоните ве прават изморени, но изгледа дека реалната причина за спиењето е собирањето голема количина енергија за моментот кога ќе дојде второто тримесечје. Ова е времето кога домот се преуредува, а бремените жени поместуваат планини во второто тримесечје.

4. Коса, кожа и нокти како супермодел

Често велиме дека насловните страници се резултат на „Фотошоп“, но можете и вие така да изгледате. Зголемената количина на крв за време на бременоста прави вашата кожа да сјае. А косата никогаш не ви изгледала толку природна. Не паѓа, туку само расте.

5. Супертоплина

Бременоста прави телесната температура да се покачи. Кога сите се тресат во зима поради студениот ветер, вие ќе чувствувате доволно топлина што инфрацрвените сателити може да ве забележат од вселената. Оваа супермоќ е како криптонит во австралиско лето, но дури и суперхероите не се совршени.

Автор: Пилар Мичел

Извор



912

X