Бремена жена и мајка на две деца била шокирана и фрустрирана откако отишла на кафе во кафуле во Мелбурн каде што била одбиена да биде послужена.

Бремената Шел изјави дека шанкерот ја прашал дали сака кафе без кофеин.

– Си помислив дека прашањето е чудно, па му реков: „Не, сакам нормално кафе“ – вели Шел.

Но, тогаш ѝ пришла менаџерката на кафулето посочувајќи ѝ дека би било подобро да се одлучи за кафе без кофеин.

– Кога отидов да седнам, одговорната личност рече дека, за жал, мора да ми биде подготвено кафе без кофеин бидејќи шанкерот не се чувствувал пријатно затоа што требало да ми направи кафе со кофеин со оглед на тоа што сум трудна, па постојат здравствени ризици за моето бебе – Шел ја опишува бизарната ситуација во која се нашла.

Шел била фрустрирана затоа што ѝ било наметнато што смее, а што не смее да внесува во нејзиното тело, особено со оглед на тоа дека веќе поминала низ две бремености.

– Бев толку шокирана и бесна бидејќи навистина сакав кафе. Се чувствував како да ме осудуваат за мојот избор. Се чинеше неправедно тоа што другите донесуваат одлуки за мојата бременост. Отсекогаш пиев кафе, всушност, во последно време ми треба и тоа како, но се обидувам да го сведам на едно во денот, а прилично сум строга и со исхраната – вели таа.

Откако нејзиниот сопруг испратил жалба до сопственикот на кафулето, сопственикот се извинил за инцидентот и го поканил парот повторно да го посетат неговото кафуле.

– Задоволни сме од неговата реакција, но нема да се вратиме во кафулето и да ни понудат кафе – вели Шел.

Извор



912

X