Игротека

Бредли Купер искрено за родителството: „Сега можам по цел ден да си играм со играчки“

Светски познатиот актер во емисијата на Елен Деџенерис раскажа неколку занимливости од својот живот и времето што го поминува со својата ќерка Леа.

– Тоа што станав татко ми овозможи подобро да го разберам моето детство, да се ослободам од стравот од самоосудување. Сега повторно можам да си играм со играчки по цел ден, а да не мислам дека тоа е чудно, или да гледам цртани филмови, исто така по цел ден, без да имам чувство дека го трошам времето и мојот живот – вели Бредли, чии родители му дозволувале да ужива во убавината на детството.

Тој истакна дека неговата ќерка Леа понекогаш го потсетува на татко му, кој почина во 2011 година.
– Таа е неверојатно дете. Често не сакам да си признам, но има ситуации во кои личи на мојот татко Чарлс. Тогаш тивко, никој да не слушне, ѝ велам:„ Тато!“

 

 

View this post on Instagram

 

Father & daughter?? #BradleyCooper #leadeseineshaykcooper

A post shared by Bradley Cooper (@bradleycooper__original) on

Колку се труди да ѝ овозможи безгрижно и удобно растење на својата ќерка, сведочи и приказната за нивната посета на „Дизниленд“.
– Ја одведов во „Дизниленд“, во забавниот парк „Чувари на галаксијата“. Минувавме низ турата, како и сите посетители, кога во еден момент се појави ракунот на кој му го позајмувам гласот во истоимениот филм. Од звучникот се слушна мојот глас. Покажувајќи на ракунот, ѝ реков на Леа: „Тато, тато“, сакајќи да ѝ укажам дека се слуша мојот глас, а таа зачудено го подигна погледот, покажа со прстот на ракунот и ме праша: „Тато?“

Тој додаде дека секогаш му се измешани чувствата кога размислува за иднината на Леа зашто е уверен дека таа ќе мора да се носи со т.н. товар на животот, мислејќи на неговата и популарноста на неговата сопруга.
– Сепак, рано е да се грижиме за тоа. Невиноста на детството е нешто најубаво на светот и Леа треба да ужива додека не порасне – додава Бредли.

И неговата партнерка Ирина Шајк претходно откри дека мајчинството ѝ е приоритет.
– Секогаш велам дека да се биде мајка е една од најубавите работи на светот. Не мислам дека тоа целосно ме промени, но ме направи подобра личност. Семејството ми е најважно – вели Ирина.

Бредли сака неговото девојче секогаш да се чувствува сакано, токму така како што во детството се чувствувале тој и неговата сестра Холи.

Поврзани написи

To top