Овој лекар ги станува бремените жени и игра со нив додека да одат на породување – тој тврди дека тоа е ефикасна форма за олеснување на болката.

Можеби изгледа како последното нешто што би го направиле, но д-р Фернанро Гуеде де Кунха споделил негови видеа како танцува со идните мајки во гинеколошкото одделение.

Тој го прави ова од поодамна, а неговите видеа станаа вирални. Негови омилени движења се мрдањето на колковите, клекнување и мрдање со рамената.

Породувањето трае во просек 8 часа, а може и значително повеќе, па се смета дека танцувањето може да помогне во намалување на болката и забрзување на процесот. „На бебето му треба да се движи низ породилниот канал, па кога мајката се движи, таа му асистира на бебето да се движи низ каналот“, вели гинекологот од Њу Џерси, Реџина Каплан. „Се помага и при намалување на притисокот од бебето кое притиска на мајчинските структури и органи“, заклучува таа. Гинекологот препорачува и столица за лулање, прошетки, јога или танцување, во зависност од тоа што може да практикува мајката во тој период, за да си ја олесни болката. Кегеловите вежби исто така, се смета дека ја намалуваат болката од породувањето, како и ритмичното дишење.

Автор: Џоси Грифитс

Извор



912

X