Деветгодишниот Таран и неговата сестра, 6-годишната Калајопи, од Охајо одлучиле да ја развеселат сосетката што е во самоизолација поради коронавирусот, па ги зеле своите виолончела и пред нејзиниот дом приредиле импровизиран концерт.

Наставникот по музичко им рекол на децата дома да вежбаат исто како да имаат концерт, па тие заедно со нивната мајка заклучиле дека е добро тоа да го направат надвор и на тој начин да ја расположат нивната 78-годишна сосетка Хелен Шлам.

– Таа сака музика, па ја прашав дали би сакала да дојдеме пред нејзината куќа и да ѝ свириме – раскажува Тиен.

За време на концертот Шлам излегла надвор, но стоела на соодветно растојание.

– Ме воодушевија. Се чувствував како повторно да сум дете – изјави Хелен, која била воодушевена бидејќи момчето запомнило дека таа сака музика.



912

X