Секој што барем еднаш отишол на море сигурно бил сведок на однесување на плажа кое, во најмала рака, било нецивилизирано. Дали се работи за прегласна музика што некој решил да ја пушти затоа што не му се допаѓа музиката од барот на плажа, или дали се работи за закопување на отпадоците, не е важно. Околу нас има многу повеќе некултура отколку што треба, а впечатокот е дека луѓето на одмор уште повеќе се „опуштаат“ и веруваат дека сѐ им е дозволено.

Верувајќи дека има и такви што ги прават сите овие работи не само од ароганција, туку и од незнаење, од порталот „Grcka.info“ составиле листа со правила на однесување на плажа. Всушност, потребно е многу малку труд и промена на лошите навики. Можеби овие правила напишани ќе ви изгледаат строги, но всушност се работи за основна пристојност и домашна култура кои мора да ги имаме со нас за време на одморот.

Почитувајте го просторот на другите луѓе

Не ставајте крпа или подлога премногу блиску до другите бидејќи на сите им е потребна малку приватност. Секако, на плажите со голем број капачи тој личен простор може да биде прилично мал. Погрижете се растојанието помеѓу вашата крпа и туѓиот пешкир да не биде помало од 4-6 чекори. На плажите со помалку луѓе и повеќе слободен простор растојанието треба да биде околу 20 чекори.

Одете внимателно меѓу лежалките

Како што сигурно не ви се допаѓа некој да стапне на вашиот пешкир, така не треба ниту вие да стапнете на некој друг. Избегнувајте да го тресете пешкирот околу луѓето.

Чувајте ги децата во видно поле

Потребно е помалку од една минута за детето да си игра и да се тргне од вас. Иако сите родители тврдат дека тоа не може да им се случи, секое лето некое дете се губи и за тоа читаме во вестите. Затоа секогаш бидете внимателни.

Одржувајте ја плажата чиста

Повеќето плажи имаат корпи за отпадоци, па нема оправдување да го оставите и фрлите ѓубрето на плажа или во море. Ако плажата нема корпа, тоа не е изговор да го оставите вашето ѓубре зад себе. Секогаш носете кеса за да ставите сè што сте донеле. Пелени, влажни марамчиња, остатоци од храна, чаши, лименки… соберете сѐ!

Никогаш не игнорирајте ги предупредувањата на спасувачите

Ако на плажата е истакнато црвено знаме кое предупредува на силни струи и големи бранови, не влегувајте во морето. Иако условите за пливање можеби ви изгледаат идеални.

Не фрлајте догорчиња во песокта и внимавајте да не ги загрозувате другите со чадот

Во зависност од насоката на ветерот, чадот од цигарата може да ги вознемири другите посетители на плажа. Истото важи и за електронските цигари. Не фрлајте цигари на плажа и не ги закопувајте во песок.

Ако имате куче, држете го под контрола

Не дозволувајте да трча по туѓи крпи, да обележува чадори или да краде детски играчки. Што е најважно, подигнете го изметот по него. Исто така, погрижете се да носите кучиња на плажите каде што е тоа дозволено.

Немојте да бидете премногу гласни

Не заборавајте дека повеќето луѓе доаѓаат на плажа за да се релаксираат, затоа почитувајте ја туѓата желба за мир. Не викајте. Исто така, не пуштајте музика од вашите уреди (или користете слушалки).

Игри на плажа

Фрлање фризби, играње со топка и рекети или одбојка на плажа се идеални спортски активности. Внимавајте да не играте премногу блиску до други луѓе за да не повредите некого случајно.

Не фрлајте предмети во морето

И ако сакате да играте во вода, бидете внимателни. Не прскајте ги другите луѓе кога се капите.

Дефекација и хигиена

Нека не ви биде тешко одењето до најблискиот тоалет во случај на потреба. Според коментарите на интернет, некои луѓе претпочитаат да вршат нужда во море или зад грмушки. Има и неколку што вршат разни хигиенско-козметички услуги на плажа, како што се стискање мозолчиња, кубење веѓи, маникир и педикир, бричење на нозете и отстранување на влакна. Кога станува збор за децата, особено за малите, јасно е дека нагоните не можат да се контролираат, но секој родител мора да се погрижи да го подигне своето дете. Постарите деца треба да се научат како да користат тоалет и на плажа.

Следете ги правилата што ги бараат сопствениците на баровите на плажа

Ако не дозволуваат храна и пијалаци донесени од надвор, не влегувајте во расправии. Секогаш можете да побарате друг бар или да ја поставите вашата опрема за плажа во одредената област.

И за крај…

Не грижете се ако претходно не сте знаеле ништо од ова. Човек учи додека е жив и никогаш не е доцна да престане да применува некои лоши модели на однесување.

Извор



912

X