Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ е полн со мали пациенти. Родителите носат болни дечиња за прегледи, а зафатени се и сите болнички кревети со деца што се хоспитализираат. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Ангелчо Андоновски, вели дека за да се направи место за нови пациенти, оние што се од Скопје, по три дена лежење, лекувањето го продолжуваат во дневна болница во установата.

Во Козле примаат дечиња од цела држава.

– Сега е сезона на вируси, а за нивно ширење придонесува и променливото време. Дополнително се соочуваме и со загадување. Од вкупно 91 болнички кревет, во моментов полни се 85. Ослободуваме простор со тоа што по 3 дена лежење, во стабилна состојба, ги пуштаме дома оние што се од Скопје и потоа нивното лекување продолжува во дневна болница. Така правиме секојдневно за да може да пружиме услуга на сите на кои им е потребна – објаснува Андоновски.
Тоа значи дека родителите еднаш или двапати дневно ги носат децата во дневната болница за да добијат терапија и преглед, сè додека не оздрават.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, објавени на Алерт-системот за рано откривање и надзор над заразните заболувања, во ноември лекарите им помогнале на 19.668 деца до 6 години со инфекции на горните респираторни патишта. Инфекции на долните респираторни патишта имале 6.245 деца до 6 години.

Н.Б.З.



912

X