Сите сме виделе сцени на телевизија и во филмовите каде што на мајките кои се породуваат им се дадени наредби да „туркаат“. Понекогаш имаме чувство дека тоа е единствената опција за породување што е достапна. Вистината е дека жените раѓале на голем број начини и позиции илјадници години, па неодамна се прифатил начинот за лежење на грб и туркање, кој денес е вообичаен.

Денес има многу трендови за породување. Породување во вода, фотографирање при породување, како и природно породување како во минатото. Иако има многу трендови, повеќето жени во развиените земји, како САД, го практикуваат традиционалното породување во болница. Сепак, прифатениот метод за туркање на бебето додека жената лежи може да не е ефективен или безбеден како што многумина сметаат.

Всушност, во болницата „Медвеј Маритајм“ во Велика Британија престанале да им велат на мајките да туркаат во текот на породувањето. Имаат понежен пристап. Мајките и лекарите се воодушевени од резултатите. Кога се работи за породувањето, многу нешта можат да тргнат на лошо. Сепак, мајките ќе направат сè што можат за породувањето да помине како што треба. Имаат доверба во експертизата на лекарите и медицинските тимови, особено во собата за породување. Според истражувањата, туркањето на бебето е втората фаза од раѓањето на бебето и обично одзема од неколку минути до неколку часа. Сепак, за тоа туркање се смета дека е последното пред бебето да пристигне. Додека туркањето на бебето е неизбежно, има дискрепанца околу тоа колку треба да се турка и кога да се направи тоа.

Од болницата во Велика Британија велат дека „малку е повеќе“, а имаат и резултати за да го докажат тоа. Нивниот проект има цел да ги намали вагиналните пукања за време на породувањето. Во многу случаи лекарот намерно прави засекување за да го прошири отворот, а потоа следува и подолго заздравување. Нивната замисла, уште наречена СТОМП, е метода за превенција, дизајнирана околу идејата дека некои мајки добиваат повреди при раѓање поради пребрзо и пресилно туркање, пред нивните тела да се подготвени за тоа.

Програмата е многу успешна. За период од 12 месеци вагиналните пукања биле намалени од 5 на 1,5 отсто, според Европскиот журнал за гинекологија и акушерство. Националниот просек е околу 6 отсто. Методата, која ги охрабрува мајките да си дадат време, да ги слушаат своите тела и да се обидуваат со различни позиции, а не само да лежат на грб, довела до тоа да се намали и потребата од царски рез.

Медицинскиот тим во болницата во Велика Британија добил признание за достигнувањата од Кралскиот колеџ на бабици. Методата е ефективна во подобрување на искуството при породувањето и во однос на намалување на повредите. Најважно, пристапот им дозволува на семејствата повеќе време да уживаат во друштвото на своето дете, а помалку во заздравување.

Автор: Кејт Тејлор

Извор



912

X