Ники Јуркуц, болничарка и мајка на две деца, на својот инстаграм-профил „Tiny Hearts Education“ често објавува важни совети за родителите, а меѓу другото и за потенцијалните опасности што им се закануваат на нашите малечки. Така, во едно видео таа објаснува што никогаш не смеат да направат родителите ако нивното дете почне да се задушува.

Во видеото, кое брзо станало вирално, таа предупредува на три работи што родителите не треба да ги прават во тој случај.

Првото нешто што не треба да го направите е да се обидете да го извадите заглавениот предмет од душникот пред да контактирате со службите за итни случаи.

Како што објаснува Јуркуц, една од првите грешки што многу родители ја прават е интервенирањето пред да се јават на итна помош.

Друга работа на која предупредува е ставањето прсти во устата на детето обидувајќи се да го извлечат предметот. Така родителите само ризикуваат да го турнат предметот подлабоко во устата, што може да направи повеќе штета отколку корист.

И последното нешто што родителите мора да го избегнуваат е да го вртат детето наопаку, предупредува медицинската сестра.

Извор



912

X