Тоа блажено чувство на гордост што се раѓа нов живот во вашето тело во еден момент го пресекува болката во грбот. Што се случува?

Болките во грбот за време на бременоста, особено во раните фази, се последица на природните процеси во бременоста. Имено, лигаментите во нашето тело природно стануваат помеки и се протегаат за да нѐ подготват за породувањето. Ова може да ги напрега зглобовите на долниот дел на грбот и карлицата, што последователно предизвикува болка. Истражувањата дефинирале неколку фактори кои исто така доведуваат до овие непријатности.

Хормонални промени: За време на бременоста женското тело (јајчниците и плацентата) произведува повеќе од хормонот релаксин, кој влијае врз мускулно-скелетниот систем со „опуштање“ на лигаментите во карлицата. Релаксинот може да влијае и врз лигаментите кои ги поддржуваат зглобовите во долниот дел на грбот, колковите, колената и глуждовите.

– Зголемување на телесната тежина: При здрава бременост жената се здебелува во просек од 10 до 15 килограми. Ова создава дополнителен товар на ‘рбетот. Исто така, бебето кое расте врши притисок врз долниот дел на грбот, сакрумот, карлицата и нозете и ги оптоварува нервите и снабдувањето со крв во тие области. Сето тоа, на крајот, предизвикува болки во мускулите на долниот дел на грбот и задникот, бутовите и стомакот.

Постурални промени: Фронталното зголемување на телесната тежина за време на бременоста може да го навалува центарот на гравитација на жената кон напред. Поради ова, се зголемува кривината во долниот дел на грбот, па трудницата почнува да оди поинаку (на пример, има поширок став и одење), што последователно доведува до промена на лакот на стапалото.

Како да ги спречите болките во грбот во бременоста?

– Грижете се за вашите стапала: Обидете се да не носите чевли со слаба потпора, како што се потпетици или рамни чевли. Некои жени носат компресивни чорапи за да спречат собирање крв во нивните нозе.

-Внимавајте на вашето држење: мускулите на грбот се под голем притисок кога носите бебе, затоа погрижете се да не седите свиткани. Ако треба да седите подолго време, потпрете го долниот дел од грбот со перница и потпрете ги нозете на посебна потпора. Ако, пак, стоите подолго време, потпрете се со едната нога на стол или кутија или користете потпорен појас за трудници. Кога спиете на страна, поставете перница помеѓу колената за да го намалите стресот на долниот дел на грбот.

Кревање предмети: Не играјте си „супержена“ – побарајте помош кога треба да кренете нешто. Ако нема никој во близина, а предметот е тежок, обидете се да не се наведнувате нанапред. Наместо тоа, приближете се до предметот, свиткајте ги колената и останете во таа положба, така што грбот да биде исправен.

-Вежбајте: Секогаш консултирајте се со вашиот лекар, но многу вежби се безбедни за правење во текот на бременоста, вклучително и пливање, возење велосипед и јога за трудници.

-Акупунктура: Оваа терапија во комбинација со конвенционалните терапии се покажала како ефикасна за лекување на болки во грбот поврзани со бременоста.

-Масажа: Пренаталните масажи можат да ублажат многу од непријатностите поврзани со затегнатите мускули на грбот.

-Киропрактика: Кога се изведува од лиценцирано лице, киропрактиката може да биде безбедна и ефикасна терапија за ослободување од болките во грбот.

-Топли и (или) ладни облоги: Со нанесување топлина или мраз на многу едноставен, но ефикасен начин може да се ублажат различните болки. Само погрижете се да не ги ставате овие облоги директно на стомакот.

-Намалување на стресот: Емоционалниот стрес ја зголемува напнатоста во мускулите на грбот. Ако сте под стрес, размислете да разговарате со пријател или психолог, обидете се да медитирате, побарајте курс за намалување на стресот, редовно шетајте во шума или некаде покрај вода бидејќи е докажано дека смирува, а можете да слушате и релаксирачка музика.

Нормално е да се појават многу промени во женското тело во текот на бременоста, но не само физички, туку и психолошки. Сепак, постојат и многу многу ефикасни начини за ублажување и избегнување на секаква непријатност. Уживајте во вашата блажена состојба, разгалете се на секој начин бидејќи вие и вашето бебе го заслужувате тоа, а ако не можете да си помогнете, задолжително побарајте помош од другите.

Извор



912

X