Сестричките Ени Џо и Ефи Роуз се близначки кои ќе имаат прилично уникатна роденденска приказна за раскажување.

Тие ќе слават родендени на различен ден, во различен месец, па дури и во различна година.

Првото девојче, Ани Џо, се роди на 31 декември 2022 година, во 23 часот и 55 минути, додека нејзината сестра Ефи Роуз се роди на 1 јануари 2023 година, само една минута по полноќ.

Мајката Скот и нејзиниот сопруг Клиф очекувале нивните ќерки да пристигнат на 11 јануари, за кога бил закажан царски рез. Но, кога Скот отишла на преглед на 29 декември, била хоспитализирана затоа што лекарите морале да го следат нејзиниот крвен притисок.

Како што велат родителите, тие се возбудени што нивните ќерки ќе имаат различни родендени бидејќи ретки се близнаците што ја имаат таа можност.

– Секогаш сакате да се потрудите тие да имаат свој индивидуален карактер и да направите да знаат дека се посебни и уникатни. Така, ова се додава како плус на таа посебност и уникатност што некои близнаци ја немаат – велат тие.

Извор



912

X