Воспитување

Близначки ја замолиле маќеата да ги посвои по 12 години – ја трогнале до солзи

Близначките Јулијана и Габриела Руволо почувствувале поврзаност со маќеата Беки пред 12 години кога нивниот татко Пит ги запознал со неа. Тоа беше во 2010 година, а девојчињата во тоа време имаа осум години и беа воодушевени од новата девојка на нивниот татко.

Пит се ожени со Беки во 2013 година и денес имаат среќно шестчлено семејство.

Јулијана и Габриела решија да направат уште еден чекор оваа година, па на Беки ѝ приредија специјално изненадување за Денот на мајката. Ѝ подариле книга полна со фотографии, драги спомени кои ги имаат со неа. На последната страница пишувало: „Мамо, ќе нѐ посвоиш?

@juliannaruvolo Never been so happy?? @beckyruv18 @gabbyruvolo #fyp #adoption #momsoftiktok ♬ original sound – Julianna Ruvolo

„Тоа е најдобриот подарок што можев да го добијам и не можам да опишам со зборови колку беше посебен тој момент. Тоа е сè што отсекогаш сакав, но решив да им дозволам на девојките да дојдат до идејата сами, во свое време. Сега го започнавме процесот на посвојување и јас сум пресреќна“, изјави Беки.

Џулијана објави снимка од трогателниот момент на „Тик-ток“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top