Мајката и ќерката имаат важен однос, предодреден да трае засекогаш. Необјаснива врска карактеризирана со толку многу љубов, чиста и автентична, која повремено има подеми и падови (се сеќавате на адолесценцијата?). И покрај тие избледени сеќавања на бунтовност, дискусии и реченици „Кога јас ќе бидам мајка, нема да бидам како тебе“, сè што останува од односот помеѓу мајката и ќерката е необјаснива радост, помешана со љубов и благодарност.

Бидејќи, после сè, токму ним, на нашите мајки им должиме сè што сме научиле во животот и она што сме сега. Првата благодарност им ја должиме за животот што ни го дале, што нè донеле на овој свет и што ни ја дале својата безусловна љубов, дури и пред да нè држат во своите раце и пред да се погледнеме в очи.

Благодарам мајко

Ти благодарам, мамо, што си тука, секогаш и во секој случај, дури и кога те оттргнував од себе и ти велев дека не ми требаш. Всушност, лажев, бидејќи сега знам дека без тебе немаше да станам жената која сум денес.

Ти благодарам што ме сакаше безусловно, без никогаш да бараш нешто за возврат.

Ти благодарам што ме охрабри да се соочувам со животните предизвици, што ме научи дека неуспесите се дел од овој живот и дека не треба да се плашам од нив.

Ти благодарам што направи да се чувствувам посебна, дури и за време на адолесценцијата кога бев исполнета со сомнежи и несигурности. Што направи да се чувствувам како лебед, кога повеќе изгледав како грдото пајче.

Ти благодарам што веруваше во мене, во моите соништа, дури и пред јас самата да верувам.

Ти благодарам што ги бранеше моите избори, кога целиот свет, кога никој не ме разбираше и секој беше подготвен само да критикува.

Ти благодарам што ми беше пријател и лице на кое секогаш можам да се доверам. Што ме слушаше, неуморно, за сите мои сомнежи за односите кои ти, пред сè, веќе сфати дека само ќе ми предизвикаат болка.

Но, ти благодарам што ми дозволи да живеам и ме остави да учам од своите грешки.

Ти благодарам, мајко, што ме придружуваше на патот кон автономијата и што ја пушти мојата рака кога за тоа дојде време. Знам дека не ти беше лесно. Твојата храброст е пример кој ќе го следам.

Ти благодарам за сè што беше помеѓу нас. Ти благодарам, мајко, за сè што си и секогаш ќе бидеш за мене.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X