Воспитување

Бјелогрлиќ: Криминалците да не им се идоли на нашите деца

Познатиот српски глумец и режисер Драган Бјелогрлиќ своевремено испрати универзална порака која е многу актуелна и денес и еднакво се однесува на сите граѓани од регионот. Одговарајќи на прашање на новинарите каква е состојбата во културата, Бјелогрлиќ рече:


– Очајно, како и секогаш, но нема лелекање. Доста е со тоа. Ајде да се здружиме сите што не сакаме да живееме во овој примитивизам. И новинарите и просветните работници, лекарите, спортистите, филмските автори и сите други чиј збор може да се слушне, мора гласно да кажат: не сакаме децата да ни растат со вакви медиуми, да се лекуваат во пропаднати болници, да се школуваат во обезглавени школи, не сакаме криминалците да им се идоли, а проститутките пример!
И мора да понудиме решение. Секој во својата професија. Ние сме тука да нудиме решенија и да бараме од политичарите да ги спроведат, ако знаат. Ако не знаат, да ги најдеме тие што знаат и можат. Кога ќе го сфатиме тоа, можеби и ќе ни тргне.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top