Многу мајки редовно се соочуваат со осуди за родителството, нивните родителски навики или начинот на воспитување. Секако, луѓето што немаат деца не се имуни на засрамување, но се чини дека овој проблем станува уште поизразен откако ќе станете родител.

Причините за осуда се движат од смешни до тотално бизарни, а некои од нив ги откриваат читателите на веб-страницата „Базфид“.

1. „Ме засрамија бидејќи имав стрии на стомакот два дена по породувањето“.

2. „Свекрва ми ме засрами затоа што имам мачка, велејќи ми дека мачката ќе го намириса млекото на бебето и ќе му го „скрати здивот на бебето“.

3. „Поминаа помалку од 24 часа откако се породив, а една од медицинските сестри ме засрами затоа што го зедов моето бебе кога плачеше. – Не сакаш бебето да мисли дека ќе биде земено в раце секојпат кога ќе заплаче – рече таа. А потоа, знаејќи дека не можам да станам, го турна креветчето подалеку од мојот кревет за да не можам да го достигнам.

4. „Ја менував пелената на ќерка ми во задниот дел од мојот џип на паркингот пред една продавница кога една жена дојде и ми рече дека не треба да ја учам ќерка ми да се изложува на погледите на јавноста“.

5. „Неодамна, мојот син единец беше гризнат од девојче во градинка. Директорот на градинката ме обвини затоа што немам повеќе деца, велејќи ми: – Ако имаше брат или сестра, ќе знаеше што треба да направи кога некое дете ќе го касне.

6. „Јас сум маќеа и постојано ме засрамуваат затоа што не сум вистинската мајка“.

7. „Една непозната личност ми викаше бидејќи мислеше дека сонцето му оди в очи на моето бебе. Бевме на плажа“.

8. „Свекрва им ми се извини во мое име на непознати луѓе бидејќи мојата малечка ќерка беше облечена во сино“.

9. „Ме засрамија кога реков дека ќерка ми има една година наместо 14 месеци“.

10. „Шефот ме засрами затоа што не успеав да постигнам совршена рамнотежа меѓу родителството и работата. Поминаа три дена откако се вратив на работа“.

Извор



912

X