– Ако не се смеат, не се среќни – ова е само една од многуте работи што една дадилка ги нашла во условите за работа од едно семејство.

Се чини дека семејството ја бара Мери Попинс да се грижи за децата, имајќи го предвид огромниот список со одговорности, правила и прописи што ги бара, и тоа за прилично ниска плата (според американските стандарди). Огласот го сподели актерката Холис Џејн Ендрус, која во 2013 година била интервјуирана од еден пар кога барала работа како дадилка. Нејзиниот твитер-пост стана вирален, а луѓето беа зачудени од списокот со одговорности што Холис требало да ги направи. Од огласот, очигледно е дека родителите сакаат да бидат околу своите деца само кога тие се смеат и се среќни, додека на дадилката ѝ останува да ги издржи тешките времиња. Се разбира, грижата за децата е само дел од работата.

Во продолжение е целиот список со обврски:

– И двете момчиња треба постојано да се третирани со љубов, грижа и разбирање. Главниот фокус е да се обезбедат нивните основни потреби, за да не плачат и да не го вознемируваат остатокот од семејството. И двајцата работиме и додека ја работиме нашата работа, најдобро би било да нема никакви пречки. Ова значи дека ако јас работам, не сакам да слушам плачење или тантруми. Ако момчињата вреват, однесете ги надвор од домот. Ако се повредуваат себеси, нека бидат тивки. Сакам да се фокусирате на тоа тие да се смеат и да играат, и да ги бркате наоколу. Сакам момчињата да бидат активни, а не да гледаат филм. Играјте со нив. Филмови не смеат да гледаат додека се под ваш надзор, и ве молам исклучете го телефонот додека сте на работа. Нивниот распоред:

7.30 – 8.00 часот наутро – Јајца и сланина од мисирка за појадок.
8.30 – 9.00 часот – Облечете ги и однесете ги да играат. Научете ги како да си ги мијат забите.
9 – 11 часот – Однесете ги да трчаат, да фрлаат камења и трчајте со нив. Не престанувајте да трчате. На околу 30-минутно возење има коњи, па однесете ги да ги хранат коњите и да играат.

ИЛИ

– Однесете ги во паркот и играјте со нив, глумете дека и вие сте дете, не бидете сериозни, играјте игри. Ако не се смеат, тогаш не се среќни. Земете играчки со вас. Ако плачат и викаат, не се среќни, а вие како дадилка треба да направите да се среќни.


11.00 часот – Време за ужинка: банана, јаткасти плодови, јаготки. Да јадат надвор на црвената маса.


11.30- 12.00 часот – Време за базен: Мора да бидете во базенот со нив постојано. Затворете ја вратата и забавувајте се со нив, учете ги како да пливаат, имаат опрема за пливање, мора да биде до нив. Мора да бидат постојано до вас.
12.00 часот – Избањајте ги, измијте им ја косата, измијте им ги забите.
12.15 часот – Време за ручек: ќофтиња или стек со кечап, салата или исечете краставица. Гледајте оброкот да изгледа здраво и возбудливо. Охрабрете ги да јадат. Јадете со нив.
12.45 – 13.30 часот – Време за дремнување. Ставете ги да спијат со шише млеко. Може да спијат на каучот или во нивниот кревет, каде и да се чувствуваат удобно. Ако е жешко, пуштете ја климата.

Листа на обврски околу чистењето:

1. Испразнете ја количката.
2. Ставете ги сите играчки во кутиите, најдете ги сите шишиња во креветчињата, количките, околу куќата и измијте ги, исушете ги и наполнете ги.
3. Соберете ги сите чинии за храна и ставете капаче на нив.
4. Испразнете ја машината за садови.
5. Исплакнете ги чиниите и приборот – потоа ставете ги во машината за садови, ставете таблета и пуштете ја.
6. Исчистете ја кујната за да изгледа чисто.
7. Изметете го подот од кујната.
8. Со правосмукалка поминете го тепихот во дневната соба.
9. Испразнете ги сите чинии што имаат храна.
10. Здиплете ги ќебињата на децата и ставете ги на место.
11. Средете ја собата на момчињата така што сите алишта ќе ги ставите во фиоките. Сите чевли да се на место, во пар.
12. Исчистете го вецето, испразнете ја кантата од вецето, ставете чиста кеса во кантата.
13. Ставете алишта да се перат во машината.
14. Ако го завршите сето ова, погледнете наоколу и најдете нешто што треба да правите во домаќинството. Ако го усовршите сето ова, тогаш имаме среќен дом.

Без телефони во текот на работното време. Треба да бидете во добра физичка форма за момчињата.

Извор



912

X