Игротека

Бизарен детаљ на стари фотографии од мали деца

Сите ние во некоја стара кутија чуваме стари, пожолтени фотографии од нашите предци и позната ни е естетиката на портретите на мали деца. Наскоро повторно ќе ја отворите таа кутија за повнимателно да ја разгледате секоја фотографија – можеби ќе најдете еден бизарен детаљ кој бил вообичаен во тоа време при фотографирањето.
– Имаме проблем. Детето не може да седи мирно за време на фотографирањето ако мајката не го држи. Ок, нека остане мајката, само нека биде покриена со нешто, нема да се гледа на фотографијата – приближно таков бил системот на фотографите при правење портрети на мали деца во 19 век.
Техниката на криењето на родителот што го држи детето се нарекува „невидлива мајка“. На некои фотографии мајката е покриена и седи на столот, некогаш се крие зад столот, на некои фотографии е маскирана во фотелја, на некои носи црнина која ѝ го покрива лицето…
Некогаш криењето било успешно, а некогаш… така денес тие стари фотографии од слатки дечиња изгледаат како да се извадени од некој хорор-филм.
Погледнете и најдете ја „невидливата мајка“ на следните фотографии. Искрено, тешко е да не се забележи.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top